Од одделението за животна средина објаснуваат дека стратегиската оценка се врши со цел да се увидат проблемите и предвидат мерките за нивно решавање. Извештајот значи и генерален преглед на негативните дејствија од овој плански документ. При тоа се изнаоѓаат алтернативни решенија за тоа како би се намалиле негативните дејства врз животната средина, објаснува раководителот на Одделението за животна средина, Хавза Реџеп Какел.
– Забелешките на граѓаните се насочени кон проблемите од загадувањето на животната средина, бучавата која прозилегува од угостителските објекти и од сообраќајниците, од зголемениот број на возила. Забелешки има и околу третманот на отпадните води и фекалната канализација. Тој проблем се уште некаде не е расчленет каде да оди атмосферската и фекалната канализација, додава Какел.
Од министерството за животна средина и просторно планирање велат дека обврската да се изработи стратегиската оценка произлегува од Законот за животна средина.
– Стратегиските оценки се работаат за да ги откријат влијанијата и да ги предвидат мерките за животна средина на овој опфат кој е во рамки на овој урбанистички план, вели Пеце Мирчески експерт по стратегиска оценка за животна средина.
Извештајот, почнувајќи од 25 јануари па се до 23 февруари, во периодот од 8 до 16 часот им е достапен на граѓаните во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина.