Интересот за прослава на старата нова година е многу послаб во споредба со минатите години.

Поголемиот број граѓани очигледно ја напуштаат традицијата на прослава во некој од угостителските објекти и се одлучуваат оваа вечер да ја поминат во домашен амбиент, во кругот на своето семејство и пријатели. Во голем број од охридските семејства вечерта на 13- ти јануари се подготвува и топеница во која се става и паричка, а се палат и василичарските огнови.


Како што информираат од охридските хотели и ресторани до денес извршени се мал број резервации. Во најголемиот број од нив не се нуди мени, па според тоа гостите доколку се одлучат старата нова година да ја поминат во ресторан ќе платат како и секоја останата вечер. Оние ресторани и хотели кои нудат мени неговата цена се движи од 600 до 900 денари.

OhridNews