Денеска ќе преовладува облачно време со локални, слаби врнежи, претежно од снег и повеќе застапени во претпладневните часови. Преку денот ќе дува умерен северен ветер.

Од вторник па до крајот на неделава ќе преовладува претежно стабилно и суво време со магла по котлините, а на планините ќе биде сончево и потопло во споредба со низините. Температурата ќе биде во постепен пораст, особено дневната, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

OhridNews