Македонската женска кошаркарска репрезентација ја впиша втората победа на мечевите од европскиот шампионат за мали земји што се игра во Охрид. “Црвено-жолтите“ во директната пресметка за првата позиција во пенал финиш беа подобри од Австрија победувајќи со 41-39.



–  Многу сум среќна што ја доживеавме оваа победа, бидејки овој е пат кон финалето и првото место, одигравме еден тежок натпревар, доста ангажирано игравме во одбраната и многу ми е драго што ја извојувавме оваа победа пред одличната публика во салата во Охрид. Публиката беше нашиот играч, и очекувам до крајот на шампионатот да прикажеме уште подобри игри – вели Димовски која мечот го заврши со седум поени и пет скока.

Одличната зона во одбраната ги збуна австријките кои доста грешеа и не погодуваа, што пак за нас ни овозможуваше лесни поени.

– Фантастично одигравме во зоната, имаше доста зборување и помагање меѓу нас. Падот на концентрацијата не чинеше топење на оваа голема предност, но мислам дека вака беше поинтересно да се победи . Крајната цел е финалето и одиме на прво место – додава Димоска.

Голем удел во значајната победа во исцрпувачкиот меч имаше капитенот Гаврилоскa која покрај тоа што беше константа подршка за младата селекција уфрли 10 поени,имаше 6 скока и 3 украдени топки.

–    Уште послатка е победата штом е вака извојувана , во ниту еден момент не го изгубивме она чувство дека ќе победиме. Им се заблагодарувам на публиката и моите соиграчки кои до последен момент играа со срце и забележавме значајна победа. Потфрливме во нападот, но со добрата одбрана на крајот славевме. Одбраната е мотиварот на една екипа, со добра одбрана се оди во напад, не се откажавме до крај , драго ми ешто неискусните девојчиња останаа свесни и трпеливи и за да на крајот сите славиме. Она што требаше да се оствари се оствари и наша цел сега е финалето-рече Гаврилоска.

Македонија во последната рунда од мечевите по групи игра против Велс.