Националната комисија за мало и лесно оружје во соработка со Министерството за внатрешни работи и UNDP/SEESAC, во рамки на Националната стратегија и Акциониот план, во периодот од денес до 15-ти јануари, ќе спроведе превентивна акција „Слави со срце, не со оружје“.
Акцијата, која ќе се спроведе на целата територија на Република Македонија во пресрет и за време на Новогодишните и Божиќните празници има за цел зголемување на свеста кај граѓаните за некористење на оружје за време на претстојните прослави.Според Претседателот на Националната комисија за мало и лесно оружје и Државен секретар во Министерството за внатрешни работи, Сања Димитриевска, идејата е да се допре до секој граѓанин со предупредување за опасноста од користење на оружје.
Од комисијата порачуваат- Славете со срце, не со оружје.
OhridNews