Финализираат подготовките за „Охрид трчаТ“ кој на 3 јуни по втор ќе се одржи низ улиците на Охрид. Денеска, точно на пладне во Општина Охрид ќе се одржи официјална пресконференција на која ќе бидат соопштени сите детаљи за второто издание на Атлетскиот викенд.
На фејсбук профилот од „Охрид трчаТ“ официјалната пресконференција ќе биде емитувана во живо, а сите заинтересирани можат да ја следат и одблиску да се запознаат со новитети и се што ќе понуди спортската манифестација во Охрид.
На пресконференцијата ќе говорат директорот на трката, Иван Цветкоски, градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски и Антонио Додевски од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ која го организира „Охрид трчаТ“.
OhridNews