Шеесет и втората седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи во понеделник, 29 септември, со почеток во 9:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
На дневен ред се 13 точки меѓу нив годишните извештаи за работата и материјално – финансиското работење за учебната 2024/2025 година и годишните програми за работа за 2025/2026 година на ОСУ „Св. Климент Охридски“, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, како и одлуката за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Министерство за економија и труд – Државен инспекторат за труд, територијата на општина Охрид 2025 – 2027.
Советниците ќе расправаат и за предлог програмата за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025 – 2027, предлог одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.4266/1 КО Охрид 4 и Кп.бр.4265/1 КО Охрид 4, предлог одлука за определување на крајбрежен појас на водотек река Сушица опфатена во Деталниот урбанистички план за УЗ 11, УБ 11.5 општина Охрид, предлог одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација во ЛУПД за ГП бр.1 со основна класа на намена А4 – градби за времено сместување на КП.бр.2751/4 и КП.бр.2751/5 и други во КО Коњско, Општина Охрид, предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 1.5 и ГП 1.6 од ДУП Урбана Заедница 9, Урбан Блок 9.2 – Охрид, Општина Охрид, како и предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 1.7 во УПВНМ на дел од Туристички локалитет Горица – Св.Стефан – Метропол, опфат 3, плански период 2010 – 2020, општина Охрид.
OhridNews