Следната недела започнува целосната реконструкција на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, прва од неговата изградба, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во поткаст на ТВ Сител.
Реконструкцијата ќе биде прва од тој тип од неговото градење. До скоро беше нелегален објект, го имавме пред нас, но на хартија го немаше. Успеваме да го легализираме, што е срамно за државата еден од двата аеродроми да го немаш на хартија. Тоа беше тежок процес затоа што треба да впишете цел аеродром и цела инфраструктура. Но, тоа е завршено и следно е реконструкцијата што ќе донесе повеќе летови и патници. И очекувам туристичкиот дел да се насочи таму, а бизнис делот да доаѓа во Скопје, посочи Николоски.
Инаку, според претходните најави реконструкцијата на аеродоромот во Охрид опфаќа проширување на капацитетите, како и изградба на нова терминална зграда. Проектот опфаќа изградба на нова административна зграда со површина од 250м2, нов канцелариски простор од 120 м2, помошни простории од 130 м2, нов простор за обезбедување од 40 м2, целосна реконструкција и адаптација на постојната терминална зграда на површина од 2000 м2 на двете нивоа.
Н.С.Ј.













