
Натпреварувачкиот систем за натпревари би стартувал од натпреварувачката 2009-2010 година.
1. Единствена прва лига со 12 клубови со трокружен систем, како што е и сегашниот систем. Пополнувањето на првата лига ќе остане исто односно двете првопласирани екипи од втората лига изборуваат пласман за првата лига, од првата лига отпаѓаат последните две пласирани екипи (12 и 11) додека 10-то и 9-то пласираните екипи играат бараж со 4-то и 3-то пласираните екипи од втората лига.
2. Единствената втора лига со 16 клубови во натпреварувачката 2008/2009 (согласно Одлуката на УО на ФФМ истата ќе се намалува на 14 екипи во натпреварувачката 2009/2010 и од натпреварувачката 2010/2011 ќе продолжи да се натпреварува со 12 екипи), од која би отпаѓале 3-те последно пласирани клубови.
3. Три трети лига со по 16 клубови. Првите екипи од третите лиги изборуваат пласман за втората лига. Називите на третите лиги би бил : Трета лига 1, Трета лига 2 и Трета лига 3. Составувањето на третите лиги ќе се одвива на следниот начин :
Во трета лига 1 ќе се натпреваруваат клубови од следните ОФС : Прилеп, Битола, Македонски Брод, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Гостивар и Кичево;
Во трета лига 2 ќе се натпреваруваат клубовите од следните ОФС : Тетово, Гази Баба, Кисела Вода, Скопје, Куманово, Липково и Кратово;
Во трета лига 3 ќе се натпреваруваат клубовите од следните ОФС : Струмица, Штип, Гевгелија, Валандово, Велес, Неготино, Кавадарци, Свети Николе, Пробиштип и Кочани.
4. Останатите екипи ќе бидат регулирано со четврти лиги односно општински лига. Општинската лига согласно Правилникот за натпреварување на ФФМ може да биде најмалку 6 екипи.










