Следната сезона во АБА лигата ќе помине без македонски клуб, откако челниците одлучија лигата да не се прошири и да си остане со истиот број на учесници како и до сега.
Нашиот преставник во АБА лигата, МЗТ Скопје сезонава имаше резултати далеку под очекувањата завршувајќи на последната позиција на табелата, што значеше испаѓање еден ранг подолу.
Македонската кошарка два свои преставници може да има во Втора АБА лига. Еден нив може да биде МЗТ Скопје, а другиот Работнички, АВ Охрид или некоја друга ако прифати да биде дел од јадранското друштво.
OhridNews