Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне претежно во јужните делови со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната од 4 до 10 степени.

Во Oхрид, ќе преовладува претежно сончево време со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Следува период на променливо облачно и постудено време со умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

OhridNews