Од утре следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, а се очекува локално да наврне и поголема количина на воден талог.

Промената на времето во некои региони ќе започне денеска кон крајот на денот, каде ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Охридскиот регион во текот на денот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и умерен ветер. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.

Веќе утре насекаде во земјата ќе преовладува променливо облачно, посвежо и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и пообилни врнежи. Промената на времето ќе предизвика значителен пад на температурата за околу 8 степени.

Променливото и нестабилно време ќе се задржи до крајот на седмицата, информира Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

OhridNews