Слеп скијач во олимписката репрезентација на Канада
23.01.10 14:05
Канадскиот натпреварувач во скијачко трчање Брајан Мекивер (30) ќе влезе во историјата како прв спортист кој истата година ќе настапува на Зимските олимписки и параолимписки игри, јави МИА.
Мекивер има Старгартова болест, многу ретка болест на очите, поради која има само 10 отсто вид и тоа само периферен. Cепак тоа не го спречи да ја исполни олимписката норма и вчера и официјално беше вклучен во репрезентацијата, која следниот месец ќе настапи на Олимписките игри во Ванкувер. По тоа, во истиот град го очекува и настапот на Параолимписките игри.
Мекивер до место во тимот дојде со победа во 50-километарската квалификациска трка минатиот месец. Видот го загубил како 19 годишно момче, а од тогаш настапи на параолимписките игри во 2002 и 2006 година, во скијачко трчање и во биатлон. Освои дури седум медали, а водач му беше неговиот брат Робин, кој нема да може да му помага следниот месец на премиерниот настап на Олимписките игри.
Во англиското финале од Лига Европа што се одигра вечерва во Билбао, екипата на Тотенхем го совлада Манчестер јунајтед со 1:0 Стрелец на победничкиот гол вреден трофеј беше Џонсон во финишот на прв...
Ракометарите на Охрид во 8-то коло од плеј-офот во недела ја пречекуваат екипата на РК Вардар 1961 Следниот натпревар го играме со двократниот европски шампион, иако имаме доста повредени играчи по...
Извлечени полуфиналните двојки за Ф4 турнирот од Купот на Македонија кој ќе се одржи на 3105-0106 во Охрид Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 31 мај од 17 часот кога се среќаваат екипите на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.