Здружението за развој на културно-уметнички вредности „Тактус“ од Охрид, во рамките на проектот „Маргини“, од 1 март започна со реализација на сликарски работилници во основните училишта во Oпштина Дебрца.

Целта на овој проект е да се стави фокус на децата од руралните средини и да им се овозможи да создадат свое уметничко дело. Проектот ќе трае до крајот на мај и во него ќе бидат вклучени околу 200 деца, односно сите деца од основните училишта во Општина Дебрца, информираат од Здружението, додавајќи дека за крај, планирана е и групна изложба на насликаните дела.

За овој проект, Здружението „Тактус“ потпиша меморандум за соработка со Општина Дебрца и ООУ „Дебрца“, а финансиската поддршка за проектот е обезбедена од норвешката организација „Ny Start i Øst“.

OhridNews