„Патешествието на човештвото“ – најголемата слика на светот, дело на британскиот уметник Саша Џaфри, беше продадена за 62 милиони долари на аукција во Дубаи.
Сликата е заведена во Гинисовата книга на рекорди како „Најголемото платно на уметноста“. Поделено е на 70 делови, по рамки, со површина од 17.176 метри квадратни – што е еднакво на речиси четири кошаркарски игралишта.

Потекнувам од сиромашно семејство и знам како се чувствува детето кое нема што да јаде, но барем имав убав однос кон моите родители, нивното образование и поддршка, рече Абдун, кој е во бизнисот со криптовалути.
Во изработката на ова огромно дело учествуваа деца од 140 земји кои ги даруваа своите изработки преку интернет за да бидат вклучени во работата на Саша Џaфри. Сликата беше завршена кон крајот на септември лани.
OhridNews












