Последните натпревари од фазата по групи ги одгатнаа сите дилеми и ги дадоа 12-те селекции учесници во главната рунда на Светското првенство во Германија и Данска.

Македонија имаше шанса да биде дел од светската ракометна елита но изгуби од Исланд во мечот да се биде или не и „рибарите“ го резервираа последното место од групата Б. Мечевите од главната рунда е нешто што се очекува цел Мундијал, бидејќи натпреварите вредат многу повеќе од два бодови.

Возбудувањата во главната рунда започнуваат утре, а пласман во полуфиналето обезбедуваат најдобрите две селекци на табелата во групите. Во групата 1 ќе биде вистинска ракометна војна, додека во групата 2 има нешто послаби селекции и неатрактивни репрезентации.

Главна рунда:

Група 1: Хрватска 4 бодови, Германија 3, Франција 3, Шпанија 2, Исланд 0, Бразил 0 

1.коло (19 јануари):  Франција – Шпанија, Германија – Исланд

2.коло (20 јануари): Бразил – Хрватска, Исланд – Франција

3.коло (21 јануари): Шпанија – Хрватска, Хрватска – Германија

4.коло (23 јануари): Бразил – Исланд, Германија – Шпанија, Франција – Хрватска

Група 2: Данска 4 бодови, Шведска 4, Норвешка 2, Унгарија 1, Египет 1, Тунис 0

1.коло (19 јануари): Тунис – Шведска, Данска – Унгарија

2.коло (20 јануари): Норвешка – Египет, Унгарија – Тунис

3.коло (21 јануари): Шведска – Норвешка, Египет – Данска

4.коло (23 јануари): Тунис – Египет, Норвешка – Унгарија, Данска – Шведска

OhridNews