
Најслаб интерес во првиот уписен рок има за новата дрвопреработувачка струка во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ каде што не се пријавил ниту еден кандидат, а се бараат 34 ученици. Слаб е интересот и за здравсвената струка во општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“, како и за струката келнери каде што се пријавиле само 22 кандидати.
Во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ останаа 133 слободни места за електротехничката, 136 за машинската, 37 за сообраќајната и 34 за дрвопреработувачката струка.
Во Средното угостителско-туристичко училиште можат да се запишат уште 25 идни готвачи, 42 келнери и 6 хотелско-туристички техничари.
Слободни места останаа и во средното училиште „Свети Климент Охридски“.
Инаку, по августовскиот уписен рок, работа ќе имаат и просветните работници, кои ќе мора да извршат контроли дали се спроведува законската регулатива.Од годинава, средното образование е задолжително. За родителите кои што нема да ги запишат децата во средно училиште ќе следи парична казна.
Ohridnews












