Слоу Фуд Македонија, со поддршка на своите конвивиуми, започна акција „ФРЛИ ЦВЕТНА БОМБА“- да ги зачуваме пчелите, да го зачуваме биодиверзитетот!, во која со денешните активности се вклучи и Слоу Фуд Охрид.

Денес во дворот на Касарна HUB, кадешто најчесто активистите на Слоу Фуд Охрид ги одржуваат своите состаноци, беа фрлени цветните бомби со помош на учениците кои помагаа во изработка на истите. Исто така, цветни бомби беа фрлени во опкружувањето и на ООУ „Кочо Рацин“- Охрид и ООУ „Св.Климент Охридски“- Охрид кадешто се одржаа и работилниците за нивна изработка информираат од Слоу Фуд Охрид.

Со учениците од клубот на екологисти, во мешан состав, од предметна настава, во ООУ „Кочо Рацин“- Охрид како и со ученици од одделенска настава при ООУ „Св.Климент Охридски“- Охрид, здружението „Добротољубие“, членовите на Слоу Фуд Охрид одржаа интерактивна работилница која се состоеше од предавање за тоа што претставува Slow Food Macedonia и Slow Food Ohrid и кои се нивните цели, мисија и визија, а предавач беше проф.д-р Ангела Паскуале, претседател на Slow Food Ohrid, велат во соопштението.

Денес, додаваат, е и Светски ден за подигање на свеста за Лицата со Даунов синдром.

Како Слоу Фуд Охрид на почетокот на нашиот нов проект ја донесовме нашата прва работа заедно со нашето здружение Добротољубие 2014…кое беше наш партнер со нашиот цвет и земја. Со сите златни раце и љубов е поставено зелено бомбардирање на дворот на црквата Св Георги.

Инаку, цветна бомба, велат од Слоу Фуд Охрид, е топче составено од комбинација на компост, глина и семиња. Компостот и глината имаат улога на носители на семето кое може да се фрли на запуштени локации, ниви, покрај патишта.

Предизвикот е да се подигне свеста за драстичното опаѓање на опрашувачите- поленаторите (пчели, пеперутки, бумбари) кои играат клучна улога во одржување на биодиверзитетот и одржување на системот на храна. Без нив, голем број разтителни и животински видови повеќе нема да постојат. Ние во нашите цветни бомби ставивме семе од: сончоглед, невен, камилица, мајчина душица, жалфија,…

Потенцираат дека Слоу Фуд Македонија крева своевидна револуција за пропагирање на добра, чиста и правична храна. Ова движење за промена нè уверува во животен стил со подобар квалитет. Тоа е идеја и начин на живот кои имаат потреба од многу сигурна и постојана поддршка. Како дел од клучните цели на целата мрежа се и поддршка на локалните производители, заштита на семињата, заштита на локално произведена и сезонска храна според традиционални практики и зачувување на старите наследени рецептури, заштита на географската ознака на производот, зачувување на биодиверзитетот…..

Во фармата за земјоделско образование, пионер на Акин Сезер, се гради фарма за да се обезбеди едукација за органско земјоделство на сите студенти кои се заинтересирани, особено на младите на кои им треба посебно внимание, истакнуваат од Слоу Фуд Охрид.

OhridNews