Положувањето на иконите на светите Климент и Наум во катедралата „Св. Кирил и Методиј“ во Терхова, Словачка, е објавено во најновиот број на словачкиот весник „Терхова“.
Во јули месец, градот Охрид ги подари двете икони на овој познат туристички центар, сместен во подножјето на Татрите во Република Словачка.
Иконите се изработени од охриѓанецот Драган Неловски, чии вредни раце веќе 15 години изработуваат православни мотиви, длабоко вдлабнати во сржта на дрвото.
Инаку, катедралата во Терхова е најголемата црква од 83-те храмови во Словачка што го носат името на „Св. Кирил и Методиј“.
OhridNews