Автобус со словенечки  регистарски таблички, вечерва, излетал од коловоз на регионалниот пат Ресен – Охрид, во близина на селото Свињишта.

Како што информираат од СВР Охрид, во моментот на незгодата во автобусот имало четири лица. За среќа повредени нема.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на истражните органи. 

OhridNews