Словенечкиот амбасадор во Македонија Бранко Раковец, во интервју за Радио Слободна Европа зборувајќи за грчко- македонскиот спор околу името и текот на спроведувањето на реформите, вели дека негово мислење и на Европската комисија е дека за последните години Македонија направила значаен чекор во реформскиот процес.

-За жал прашањето за името, ние сите знаеме дека е многу значајно прашање, и оневозможува на Македонија да стане членка на НАТО и исто така да почне со преговори со ЕУ. Затоа и ние би сакале нашите македонски пријатели со вашиот јужен сосед да најдат една солуција која ќе биде прифатлива и за едната и за другата страна. Тоа е многу значајно прашање кое би требало во иднина да се реши, затоа што сакаме да ја видиме Македонија што поскоро во ЕУ и во НАТО. Ние сите странски дипломати во Скопје внимателно ги следиме преговорите, но за жал тука можеме да констатираме дека нема некој забележителен напредок. Уште еднаш сакам да истакнам дека ги охрабруваме нашите македонски пријатели да направат чекор во правец со јужниот сосед да се најде едно решение кое ќе биде добро и за Грција и за Македонија, изјави амбасадорот Раковец.

OhridNews

извор:РСЕ