Утре, со почеток во 13 часот во хотел Дрим во Струга, ќе се одржи „Бизнис ден“ на кој е предвидено да бидат претставени стопанственици од Словенија и Македонија, како и соработката меѓу двете земји. При тоа, компаниите учесници на средбата ќе имаат можност да ги презентираат своите производи и услуги.

Средбата е во организација на Словевенечко-македонскиот бизнис клуб од Скопје. Предвиднео е да присуствува и новиот амбасадор на Република Словенија , Неговата Екселенција Бранко Раковец.

OhridNews