Репрезентацијата на домаќинот на Евробаскетот, Словенија, вечерва во Љубљана забележа значајна победа над Италија 84:77. Словенците до првата победа во осминафиналната група ја предводеше Горан Драгиќ кој уфрли 22 поени. За Италија ова беше прв пораз на шампионатот.

Претходно во Ф групата Грција го совлада бранителот на титулата Шпанија со 79:75, а Хрватска ја декласираше Финска со 88:63.

Утре на програмата се средбите од Е групата. Литванија се среќава со Белгија, Србија со Украина, а Франција со Летонија.

OhridNews