Словенците ќе ни помагаат во земјоделските реформи
12.11.08 10:51
Македонија треба да вложи многу во човечките ресурси и зајакнување на административните капацитети за да ги исполни европските критериуми во земјоделството. Ова беше истакнато на интерактивната работилница за евроинтеграциските процеси во земјоделството што денеска започна во Охрид.
На работилницата учествуваат директори и раководители на управи кои се поврзани со процесот на акредитација со ЕУ, од Македонија, и нивни колеги од Словенија.
Тие ќе ги пренесат искуствата на Словенија во процесот на акредитирање на тамошното министерство за земјоделство во ЕУ. Целта е да се зајакнат капацитетите на македонското министерство за земјоделство што беше една од основните забелешки на ЕУ, истакна министерот за земјоделство, Ацо Спасеноски.
Според него, Министертвото за земјоделствио е едно од ретките кое ги почна и заврши одредени поглавја од преговорите со ЕУ. Во делот на ИПАР планот ја добивме акредитацијата во делот на Платежната акредитација сме во предакредитационен период, формиран е секторот за развој на човечки ресурси и со новите 150 вработувања во ресорното министерство ќе може да ги задоволуваме сите барања на ЕУ за акредитации во земјоделството, истакна Спасеноски.
Земјоделството претствува преку 40% од европската економија и земјите апиранти за членство во Унијата треба да применат регулативи кои се напишани на 40.000 страници, истакна Исток Јарц-член на словенечката група за преговори. Одговарајќи на новинарско прашање за доцнењето на акредитацијата на Платежната агенција, Јарц рече дека секогаш постои опасност поради доцнење да се загубат одрдени средства од европскиот буџет. Каква е состојбата точно во Македонија не можам конкретно да кажам, но секако постои опасност да се изгубат дел од парите бидејќи контролата на ЕУ е мошне ригорозна и секогаш има финснсиски корекции, рече Јарц.
Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст Охрид, под мотото „ЗДРАВ ЖИВОТ, ЗДРАВО СРЦЕ“ о...
На 20022026 година во 16:00 часот во СВР Охрид, 48-годишно лице со живеалиште во село во општина Дебрца, пријавил кривично дело „Насилство врз дете“ сторено од наставник во основно училиште во село...
Советот на Општина Охрид следната недела, на 27 февруари, со почеток во 9 часот ќе ја одржи седмата седница На Дневен ред се 17 точки меѓу нив и предлог одлуката за започнување постапка за присоеди...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.