Сакаме да појасниме дека поднесеното обвинението против обвинетите во случајот „Сопот“ е поврзано со содржината и со кривичните дела кои произлегуваат од содржината на разговорот кој се однесува на наведениот случај, па со оглед на ваквата околности ние имаме законска обврска да го побараме овој предмет, а со цел да се произнесеме за нашата надлежност врз истиот, велат од Специјалното јавно обвинителство по интересот на медиумите во врска со предметот во јавноста познат како „Сопот“.

– Врз основа на јавно објавен разговор, побаран е предметот познат во јавноста како „Сопот“, а со цел да се произнесеме за нашата надлежност врз тој предмет, велат од СЈО.

Оттаму укажуваат дека периодот од 2008 година до 2015 година кој е наведен во Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, се однесува исклучиво на времето на реализација на незаконски следените комуникациите, а не и на времето кога одреден настан се случил.

Се работи за судски предмет од 2003-та година во кој 11 селани од кумановското село Сопот беа осудени за тероризам, односно за поставување на мина на пат. Во експлозијата која настана откако на мината нагази НАТО џип со полски војници и македонски државјани, загинаа двајца полски војници и еден цивил.