– Пред неколку дена , поголема група членови на СОНК од училиштето иницира синдикална седница на која против статутарно го разрешила синдикалниот лидер Петре Тасески, а во меѓувреме направиле уште една поголема повреда : на нецивилизиран, арогантен и крајно нечовечки начин го отстраниле од седницата претседателот на Регионалниорт одбор, Аце Речкоски, кој бил уредно поканет од страна на синдикалниот лидер на училиштето “Григор Прличев” , Перо Тасески , за да присуствува на седницата и на директен начин да се информира за состојбите и за незадоволното синдикално членство, велат од Регионалниот одбор на СОНК.
Поаѓајќи од ова, на вонредната седница се донесени неколку заклучоци. Помеѓу другото, е заклучено дека разрешувањето на Петре Тасески од претседател на синдикалната организација на СОНК при ОУ,,Григор Прличев”- Охрид, не е во согласност со Статутот на СОНК и истото се поништува. Легитимен претседател во оваа синдикална организација е Петре Тасески. Регионалниот одбор на СОНК – Охрид најостро ја осудува постапката на поединци од синдикалната организација на СОНК при ОУ,,Григор Прличев”- Охрид. За истите се бара синдикалната организација при ОУ,,Григор Прличев”- Охрид, да постапи според одредбите од Статутот на СОНК, а доколку истото не се случи, ќе бидат применети одредбите од Статутот кој дава можност истото да го направат повисоките органи на СОНК – Регионот и Советот на СОНК.
Регионалниот одбор на СОНК – Охрид му предлага на Советот на СОНК , доколку ваквите состојби и натаму продолжат , Советот на СОНК да ги превземе сите неопходни мерки за заштита на со Устав и со Законите на Република Македонија како и со меѓународните конвенции,гарантираното право на синдикално слободно организирање и делување.
– Ние, како најлегитимен и единствен репрезентативен синдикат со кого преговара Владата, нема да дозволиме никакво надворешно , уште помалку политичко мешање во работата на СОНК, а најмалку повреда на статутарните одредби, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков.












