Мечот помеѓу Каљари и Рома кој не се одигра е регистриран со службени 3-0 за римјаните. Натпреварот требаше да се одигра во Сардинија пред празни трибини бидејќи стадионот на Каљари не ги поседува потребните документи за безбедност.

Италијанската федерација треба дополнително да одлучи дали ќе биде крената постапка против екипата на Каљари. Рома во наредното коло на домашен терен ја пречекува Сампдорија додека Каљари му гостува на Милан.

Мх.П.