Поради отсуство на одговорниот службеник, веќе извесен период Одделението за општи управни работи при СВР Охрид не издава Уверенија за државјанство и други документи во негова надлежност.

Од СВР Охрид информираат дека проблемот ќе биде надминат со ангажман на овластен службеник од Полициската станица во Струга, кој во Охрид ќе доаѓа неколку пати во неделата, а доколку биде потребно тој ќе биде присутен и постојано.

-Тоа ќе зависи од динамиката, односно бројот на барања за државјанство, објаснуваат од СВР Охрид.

OhridNews