Поради големиот број барања на граѓани за замена на старите возачки дозволи со нови биометриски дозволи, административните служби на СВР Охрид ќе работат и утре, сабота 6- ти октомври, од 8.30 до 14 часот.
Како што велат од СВР Охрид целта е да им се излезе во пресрет на граѓаните кои сеуште не извршиле замена на возачките дозволи, што претставува нивна законска обврска.
Крајниот рок за замена на возачките дозволи истече на 1 октомври.












