Поради големиот број барања на граѓани за замена на старите возачки дозволи со нови биометриски дозволи, административните служби на СВР Охрид ќе работат и во сабота 29-ти септември од 8.30 до 14 часот.

-На овој начин СВР Охрид сака да им излезе во пресрет на граѓаните кои сеуште не извршиле замена на возачките дозволи, што претставува законска обврска, информираат од СВР Охрид.

Крајниот рок за замена на возачките дозволи е 1 октомври.

OhridNews