Со громогласни и стоечки аплаузи, публиката го награди кабарето „2 Mothers brothers” кое се одржа вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Низ веселото и забавно шоу, на кое публиката се смееше до солзи, актерите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски во живо изведуваа голем број познати музички нумери со изменет и сатиричен текст.

Динамичните музички преработки беа надополнети со исклучително креативен сценски материјал, преку кој актерите ги прикажаа секојдневието и актуелните теми на еден необичен и комичен начин.

Кабарето „2 Mothers brothers”  ќе биде прикажано повторно, на 4-ти април 2014 година со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“.

OhridNews