Никола пред две недели настапи на сцената на Народен Театар Охрид во Центарот за култура кој беше претесен да ги прими сите заинтересирани. Билетите за таа претстава беа распродадени во предпродажба, па сите кои не успеаја тогаш дојдат до влезница, имаат прилика вечерва во „Ликвид“ да го проследат настапот на Никола.
Настапот на творецот на популарната веб комедија „Идиотека“ која секој петок премиерно се емитува на OhridNews, во кафетеријата „Ликвид“, вечерва, започнува во 22 часот.