
Промените го зафатија и даночното одделение во Охрид, каде е сменет координаторот. Смени на оваа позиција има и во даночните одделенија во Прилеп, Куманово и Кичево, како и во даночните шалтери во Крива Паланка, Делчево, Берово, Виница и Демир Хисар и 12 контролори во инспекција во Штип, Битола и Тетово. Исто така суспендирани се и тројца управници на регионалните дирекции на УЈП во Штип, Битола и Тетово.
Министерот Ставрески истакна дека со кадровските промени УЈП покажала дека неселективно се бори против сите прекршители на законот.












