Рокадата на тренерската позиција Ѓорѓи Христов со Срѓан Захариевски и “зимската метла“ на вишокот фудбалери го доведоа Металург на врвот на прволигашката табела.Турбулентниот период во најтрофејниот македонски клуб Вардар, најдобро го искористија Турново и Металург кои го запоседнаа врвот на табелата. Железарците имаат серијата од пет победи и против Тетекс очекуваат истата да се продлжи.
– Се подготвуваме за дуелот со Тетекс, а обврска на Металург е на секој меч да се обиде да победи.- вели новиот стратег на “зелената“ клупа Срѓан Захариевски ја спушта топката на земја. – Не се оптоваруваме со борбата за шампионската титула. Блиску сме до обезбедување излез во Европа, што беше наша примарна цел сезонава. Имаме добар фонд на играчи, кои ги ротирам и на секој натпревар настапуваат тројца-четворица нови фудбалери, што е клучно за нашите победи. Ги промовираме и младите играчи, кои сериозно се наметнуваат и на сите сметаме до крајот на првенството – завршува популарниот “Срле“.
Еден од фудбалерите кои во целост го искористија новиот метод на работа на Захариевски, кога неместо истрошени и “прочитани“ фудбалери им се дава шанса на младите е играчот за врска Александар Далчески кој од Охрид трансферираше во Металург.
Металург трката по дебитантската титула во клупската историја ќе продолжи да ја брка викендов против Тетекс.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com