Како резултат на спроведената контрола на вработените од Секторот за внатрешна контрола при Агенцијата за катастар на недвижности,  непосредно пред реализирањето на акцијата ″Отворено со катастарот″ во која беа пронајдени стотина нерешени предмети во фиоките на вработените во Одделението во Охрид, како и поради големиот број граѓани кои изразија незадоволство од работењето на охридскиот Катастар, против дел од вработените беа превземени санкции и дисциплински мерки, информираат од Агенцијата за катастар на недвижности.

– Со цел надминување на констатираните слабости во работењето и за успешна имплементација на новиот електронски катастар, времено од 12 март 2012 година  за раководител на Одделението за катастар на недвижности во Охрид ќе биде  назначен Симо Костојчиновски, актуелен раководител на Одделението во Струга, велат од агенцијата.

OhridNews