Граѓаните збунети коментираат дека никој претходно не ги информирал дека ќе треба секој член од семејството, одделно, да плаќа за следење на програмата на Македонската телевизија.
– Нема никаква логика да се плаќа одделно истиот износ за следење на било која програма , вели една наша сограѓанка.
Од Управата за јавни приходи кои ги доставуваат сметките информираат дека станува збор за грешка.
– Направена е грешка во регистерот кој од нивна страна е доставен до нас, врз основ на кој ние потоа ги праќаме сметките до граѓаните, вели портпаролот на регионалната дирекција на Управата за јавни приходи , Снежана Стојановска.
Од УЈП потенцираат дека уште во текот на денот се очекува МРТВ да достави информација за јавноста и да објасни околу направената грешка со сметките за август.