Во пресрет на туристичката сезона ЈП „Охридски Комуналец“ упатува апел до граѓаните на Општина Охрид да го почитуваат комуналниот ред и сметот да го изнесуваат најдоцна до 7.00 часот наутро во точно определени денови и на предвидените локации. Секое прекршување на комуналниот ред ќе биде санкционирано, велат од „Комуналец“.
За поефикасно работење во летниот период од јавното претпријатие најавуваат поинтензивно подигање на сметот во градот и туристичките населби:
-ул.”Македонски Просветители” и “Булевар Туристичка” сметот се подигнува два пати во текот на денот;
-ул.”Питу Гули”, “Партизанска”, “7-ми Ноември”, “Кеј Маршал Тито” секојдневно;
– од туристичките населби почнувајќи од нас.Рача па до Св.Наум сметот се подигнува во среда и сабота, а започнувајќи од 1.ви јули ќе се подигнува секојдневно во вечерните часови.











