Фудбалерите на Охрид 2004,  се вратија на тренинг и мечот со 11 Октомври ќе се одигра според планираното, денес во 15 часот. Фудбалерите имале средба со претcедателот на клубот Гоце Малезанов, на која добиле цврсти гаранции дека заработените пари на почетокот на месецов ќе им бидат исплатени.


– Мора да се фокусираме на играчкиот дел. 11 Октомври е силен противник и нема да ни биде воопшто лесно. Имав можност во живо да ги следам на мечот во купот против Скопје кој заврши со 2-0, на кој не настапија комплетни. Ние мора да се издигнеме над проблемите и да забележиме уште една победа која ќе не одведе во мирни води – рече стратегот на “рибарите“ Антиќ потенцирајќи дека и на овој како и на сите мечеви Охрид ќе оди на победа.

Мечот Охрид – 11 Октомври ќе го води тетовчанецот Мустафи Фатон.

Ohridnews