Шеста Смотра на ветерани и рекреативци „Заиграј на оро“- Охрид 2026 ќе се одржи денес со почеток во 18 часот  во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид. Станува збор за единствената Смотра од ваков карактер во Охрид и Македонија, велат организаторите КУД „Ѓердан од бисери“.

На едно место ќе се спојат традицијата, песната, орото, пријателството и љубовта кон фолклорот, со ветерани и рекреативци кои во Охрид ќе донесат дел од културното богатство на своите краишта, посочуваат.

Свеченото дефиле на учесниците ќе започне во 17:30 часот, а претходно во периодот од 10 до 12:30 ќе биде одржана фолклорна работилница.

Смотрата е дел од програмата на Општина Охрид за одбележување на јубилејот 35 години од независноста на Република Македонија. Во рамки на истата вечерва од 20:30 часот во Куќа на Уранија ќе биде отворена изложбата „Уште една средба со светлината“ на познатиот охридски уметник Јордан Манасијески.

OhridNews