Шеста Смотра на ветерани и рекреативци „Заиграј на оро“- Охрид 2026 ќе се одржи денес со почеток во 18 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид. Станува збор за единствената Смотра од ваков карактер во Охрид и Македонија, велат организаторите КУД „Ѓердан од бисери“.
На едно место ќе се спојат традицијата, песната, орото, пријателството и љубовта кон фолклорот, со ветерани и рекреативци кои во Охрид ќе донесат дел од културното богатство на своите краишта, посочуваат.
Свеченото дефиле на учесниците ќе започне во 17:30 часот, а претходно во периодот од 10 до 12:30 ќе биде одржана фолклорна работилница.

OhridNews












