Натпреварот, во кој ПАО, во последните секунди ја спасуваше предноста од 17 поени, која ја имаше во текот на мечот, го одбележаа инцидентите, кои ги предизвикаа навивачите на ПАО пред натпреварот, тие со сигнални ракети ги гаѓаа навивачите и играчите на Олимпијакос, со ракета беше погоден и центарот на ’црвено белите’ Кајл Хајнс.
Инцидентити подоцна имаше и во текот на натпреварот, што значи дека ’полни раце работа’ ќе имаат дисциплинските органи на Кошаркарскиот сојуз на Грција.
Интернет страница, „gazzetta.gr“, пишува дека инцидент имало помеѓу македонскиот репрезентативец Перо Антиќ и центарот на Панатинаикос, Софоклис Скортсанитис.
Според истиот извор, додека играчите заминувале на пауза помеѓу двете полувремиња, Скортсанитис, преку играчите на Олимпијакос, му се заканил на Антиќ со зборовите: „Кажете му на Антиќ дека тој ќе биде мртов човек. Јас ќе го убијам.“
Наведената интернет страница пренесува дека дуелите кои ги имале Антиќ и Стефон Лазме биле причината за ваквата реакција на Скортсанитис.
Инаку, Перо Антиќ, беше најдобриот играч на Олимпијакос во финалниот меч, зад своето име тој запиша 17 поени и шест скокови.