Врнежите од снег во Охрид ќе продолжат преку целиот ден при што се очекува снежната покривка да биде од 6 до 12 сантиметри.
Врнежи од снег се очекуваат и во текот на првите два дена од наредната седмица, кога дневната температура ќе биде околу нулата, а минималната од -6 до -4.
Во среда времето ќе биде облачно, а во четврток и петок се очекуваат слаби врнежи од снег во утринските часови. Максималната температра благо ќе се покачи и во четврток и петок ќе биде од 3 до 6 степени, а минималната од 1 до 3 степени.
За време на викендот времето ќе биде обачно со повремени врнежи од дожд и максимална температура од 6 до 8 степени, а минимална од 4 степени.
OhridNews












