Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег врне во Маврово, Крива Паланка и на планинскиот премин Ѓавато. Во источна Македонија дува засилен северен ветер.

Сообраќајот на магистралниот пат А3 „Ресен -Битола-Прилеп“ кај н.Баир кој беше во прекин од 18:10 ч. на 28.12.2016 г.поради блокада од страна на ромското население, од 08:30 часот е нормализиран.

OhridNews