Поради појава на магла видливоста е намалена од 50 метри до 100 метри во Страцин и на планинскиот премин Буково. Од 08:15 часот е воведена забрана за товарни возила на преминот Ѓавато поради врнежи од снег. Од 07:35 часот се воведува забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Од 23:55 часот на патот Дебар – Маврови Анови и обратно, поради обилни врнежи од снег е воведена забрана за движење на товарни возила. Во 23:25 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража.

На патниот правец Струга – г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат. Снег врне во Тетово, Гостивар, Кичево, на Попово Шапка, Маврово, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.