Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Битола,Ресен и на планинските превои Буково и Ѓавато.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
OhridNews