Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Повремени врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот премин Стража. Намалена видливост поради појава на магла од 10 до 20 метри има на Попова Шапка и од 50 до 100 метри на планинските премини Ѓавато и Плетвар.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони и понатаму е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.