Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб снег врне во Кочани, Делчево, Берово, Крива Паланка, Страцин, Кичево и Прилеп и на планиските премини Маврово, Стража, Железнец, Пресека и Буково кој не се задржува на коловозот.

Од АМСМ ги потсетуваат возачите дека задолжително е поседување на зимска опрема во возилата. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

OhridNews