Априлски снег  ја изненади Босна и Херцеговина. Во поголемиот дел од земјата, снежната покривка е над 12 сантиметри, а се најавуваат врнежи до петок. Снежните врнежи на средина од пролетта предизвикаа вистински сообраќаен хаос. Снегот прави проблеми и на автопатиштата, а надлежните служби интензивно работат на негово расчистување.

И хрватските медиуми јавија дека вчера во делови на земјата паднал снег, како и дека температурата се спуштила до првиот степен над нулата.

Во поголемиот дел од Србија од неќеска почна да врне дожд, а претходно е најавено дека на повисоките делови во земјата ќе паѓа снег.

OhridNews