Деновиве во делови од Словенија вистинска зима. Снегот кој падна предизвика проблеми во сообраќајот, па зимската опрема е задолжителна на одредени патишта во северозападниот дел од земјата. Снежни врнежи се забележани на подрачјето Крањска Гора, како и на Бохињ. Поради зимските услови затворени се неколку планински превои.

Невреме и во делови од Хрватска. Во Истра паднал град кој предизвикал материјална штета на насади.