Снегот, ниските температури, лошите временски услови но и скромната спортска инфраструктура ги “истера“ спортските екипи од Охрид. Заложбите се, барем на хартија, Охрид да прерасне во спортски туристички центар, но што поради времето, што поради условите што ги нуди, засега е далеку таквото остварување.


И оние екипи кои се одлучија да дојдат во Охрид, по само неколку дена си отидоа, а дел го презекажаа своето доаѓање. 11 Октомври си замина после два дена, Еуромилк издржа недела дена, а Силекс мака мачи со снегот, и тренира во спортската сала. Ништо подобро не минуваат ни охридските фудбалски колективи кои се вдомија во салата.

Македонија ЃП, Металург и Ренова го одложија своетото доаѓање за подобри и потопли времиња, нормално само ако временските прилики се подобрат.

Ниту српските тимови кои во изминатите неколку години беа редовни во градот под Самоиловата тврдина годнава ги нема. Еден од нив е  “ФК Инџија“ кој на својата веб страна објави дека се одлучиле да го користат тренниг кампот на Фубдалскиот скјуз на Србија.

Новина е дека Инџијци почнаа да ги користат услугите на тренинг кампот на ФС Србија во Стара Пазува. На располгање им се сите погодности кои ги нуди еден од најопремените европски центри од ваков тип – стои на официјалната веб страна на клубот.

Под знак прашалник е и доаѓањето на Јавор Ивањица, кои се најавија во текот на неделава.

М.П.